Ни маратон во Грција не може без пораки за Македонија

Злоупотребата на спортот за политички цели во Грција не го одмина ни денешниот 14. Меѓународен маратон „Александар Велики“, на кој во центарот на вниманието, покрај стогодишнината од Понтискиот геноцид, беа и пораките за Македонија.



„Грчкиот карактер“ на Македонија учесници го истакнаа со знамиња со грчката верзија на сонцето од Кутлеш, дури и на детски колички, а за неа зборуваше и победникот Михалис Пармакис.

„На грчка почва сме, македонска, а јас сум Македонец. Живеам во Македонија, а Македонија е грчка“, изјави тој.