Ни Јапонија не може веднаш да се откаже од руска нафта

На Јапонија ќе и треба време постепено да го укине увозот на руска нафта, изјави премиерот Фумио Кишида по онлајн состанокот на групата Г7.



На состанокот вчера, земјите од Г7 ветија дека ќе забранат или целосно го прекинат увозот на нафта од Русија, без да наведат точно какви обврски презеле секоја од членките Германија, Канада, САД, Франција, Италија, Јапонија и Велика Британија, пренесува Ројтерс.

„За земја која е силно зависна од увоз на енергија, тоа е многу тешка одлука. Но, координацијата на Г7 е клучна во вакви времиња“, им рече Кишида на новинарите.

Како што рече јапонскиот премиер, „што се однесува до временската рамка за намалување или запирање на увозот на руска нафта, ќе ја разгледаме при проценка на реалната ситуација“.

„Ќе одвоиме време да преземеме чекори кон постепено отстранување“, рече Кишида, без да даде детали.

Ниту еден танкер со руска нафта не пристигнал во Јапонија од средината на април, наведува Ројтерс.