Ни две минимални плати не стигаат да се протурка месецот

Последните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во ноември висината на минималната кошница изнесува 33.742 денари што е за 3.874 денари повеќе во однос на две минимални плати.



Од 2012 година кога првпат беше исплатена минимална плата во износ од 8.050 денари досега, таа е зголемена за 6.884 денари.

Најмногу пари се трошат за храна и пијалоци, како и за плаќање режиски трошоци.

Според ова, на едно семејство од четири члена, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил, потребни му се 14.149 денари за основни потреби за храна и пијалоци, а 8.547 денари само за подмирување на комуналните трошоци.

За лична хигиена и за хигиена на домот, минималните трошоци изнесуваат 2.375 денари. (МИА)