,,Незрел потег на Димитров”: Како ќе соработува со Силјановска?

Изјавата на министерот за надворешни работи Никола Димитров според кого изборот меѓу Силјановска и Пендаровски не е тежок отворено лобирајќи за неговиот другар од владата, предизвика негативни реакции и кај неутралните граѓани.



“Оваа изјава на министерот е несреќна и дадена во погрешно време. Од професионален аспект вака се создаваат непотребни проблеми. Без воопшто да навлегувам во тоа кој е подобар кандидат- Замислете, само на момент Силјановска да победи? Каква ќе му биде соработката на министерот? Сакал тој или не, претседателот има големи овластувања во меѓународните односи. Како ќе соработува кога изјавава е недолична и има голема мера на потценување Ад хоминем. Воопшто незрел и не сериозен потег” , пишува Блаже Којчевски меѓународен експерт на Обединети нации за бегалци и миграции.

Според Којчевски џабе е принципот на пржинскиот – не злоупотреба на власта- кога носители на високи функции се активираат во изборна кампања за време на нивниот мандат, т.е ги злоупотребуваат функциите.

“А кога Димитров со целиот свој кредибилитет, резиме и педигре падна на ваков испит што останува за партиските лепачи на плакати што биле, се или во иднина ќе бидат министри.

Ова е една од многуте работи што ми сметаа кај претходната власт. А оваа ситуација беше една од причините за Пржинскиот договор”, пишува Којчевски.