Незири: Новата Влада нема да биде стабилна, составена е со политички пазарења – ДУИ работи за групни интереси и заробување на системот

„Аднан Незири од Алијансата за Албанците во емисијата ‘Патот кон’ на ТВ Алсат.мк зборуваше за новиот владин кабинет, со којшто ќе раководи Димитар Ковачевски. Тој истакна дека оваа Влада нема да биде стабилна, а за коалицијата, во која се наоѓа и Алтернатива, нагласи дека е направена врз основа на политички пазарења.“ – објави ТВ Алсат.мк на својот интернет – портал.

Алсат.мк пишува: „Оваа Влада нема да биде стабилна, бидејќи договорот за коалицирањето го направи премиерот во заминување Заев, кој даде оставка поради неговиот неуспех. Оваа Влада е составена врз основа на политички пазарења и клиентелистички интереси за вработувања. Тоа подразбира политички интерес, а не граѓански интерес и интерес на стабилност на различни сфери.’ – рече Незири.“

„Претставникот на ДУИ Фатон Ахмети во ‘Патот кон’ сите заслуги за најголемиот број министри – Албанци во Владата ги посвети на својата партија и на својот шеф Али Ахмети. Тој рече дека неговата партија покажала оти Албанците не се опасност за државата. ‘Најголемиот број албански министри е заслуга на ДУИ и Али Ахмети, бидејќи покажавме дека Албанците не се опасност за државата. Главната цел е да понудиме квалитетни кадри, кои ќе имаат интелектуални, професионални капацитети . Ова е од полза на с.Македонија, која и ја донесе државотворниот стил на нашата партија, Демократската унија за интеграција.’ – кажа Фатон Ахмети.“

Во врска со тоа што за првпат Албанците во една Влада на Македонија ќе имаат многу висока застапеност Незири рече дека првично учеството треба да биде професионално. Исто така, тој реагираше на претставникот на ДУИ, кој напомна дека зголемувањето на бројот на албанските министри е нивна заслуга. ‘Учеството на министрите мора да биде професионално, етичко и морално. Што се однесува до ДУИ, уште од своето формирање оваа партија не може да смени некои луѓе, што значи, тие се заробени и работат само за клановски, групни интереси и за заробување на системот. Не се работи за именување, туку за политички, групни и клановски интереси, а треба да има именувања заради дејствување, стабилност, за системот и за, професионализам.’- рече Незири од Алијансата на Албанците во емисијата ‘Патот кон’ на ТВ Алсат.мк.“