Незири: Никогаш Албанците не биле толку моќни како сега со ДУИ и АА

„Помина времето кога македонскиот дел правеше што сакаше со Албанците, дури и да беа три политички субјекти“, изјави синоќа првиот човек на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири во „Клик Плус“ на ТВ21.



Тој жали што има поделеност меѓу албанските партии, кажувајќи дека колку повеќе се обединети партиите, толку повеќе корист ќе имаат Албанците.

„Лошо е што албанскиот глас ќе се подели“, кажа тој.

„Реалност е дека Албанците никогаш не уживале толкава моќ како сега со ДУИ и Алијанса за Албанците.

Сите економски сектори ги водат Албанци. Министерство за правда е водено од Албанци, здравството го водат Албанци…“, наброи меѓудругото Незири.