По најавата дека на средбата меѓу Александар Вучиќ, Еди Рама и Зоран Заев ќе се разговара за менување на името на проектот Мини Шенген во јавноста се појавија многу предлози, некои сериозни, некои шеговити.
Еден од најлуцидните е на екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи кој земајќи ги предвид аферите со производство на дрога со кој се поврзуваат тројцата политичари во Македонија, Србија и Албанија дава најлогичен предлог кој може да ја одслика реалноста.
“Овие тројца велат дека сакаат да го сменат името на Мини Шенген.
Се согласувам
Макси картелот Лазарат, Јованица и Муртино е посоодветен.
Seriosly USA, (Сериозни сте САД, ова беше најдоброто на кое можевте да помислите!?”, прашува на крајот на својот предлог Зеколи.
Промената на името на Мини Шенген доаѓа по забелешките на другите земји во регионот Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора кои се противат на новиот проект кој според нив е опасен за помалите земји.






