Вечерашниот официјален почеток на изборната кампања на СДСМ во Битола го обележа (не)згоден детал – пред слоганот на владејачката партија за локалните избори „Најдоброто за мојата општина“ се надоврза светлечката реклама за казиното спроти хотелот „Епинал“!



Така, додека лидерот и премиер Зоран Заев им се обраќаше на присутните зад неговиот грб можеше да се прочита „Казино – најдоброто за мојата општина“.