Незгодна порака до фаворитката за лидерка на ЛДП: Има македонска транскрипција за дивата вила во Трница

Пратеничката и најмоќниот член на ЛДП Моника Зајкова денеска доби уште една порака дека допрва може да се соочи со законот за случајот на илегален објект изграден во заштитено подрачје.



Откако нејзината партија каде таа со помош на премиерот Ковачевски може да стане лидерка, поведе иницијатива за користење на украинска транскрипција на местата во Украина, доби потсетување за тоа што го сторила во селото Трница на државен имот на територијата на Националниот парк Маврово.

,,Кажете и на Зајкова дека вилата во Маврово на македонски јазик се транскрибира како: Дивоградба!”, и порачува Ивор Мицковски на Зајкова.

На украински јазик дивоградба се пишува: незаконне будівництво