Според податоците кои ги објавува Министерството за животна средина, параметрите на загадување во Скопје се многу над дозволените граници.
Сликата ги покажува мерењата од рано утрово, кога загадувањето во центарот на главниот град беше екстремно висока.

Податоците покажуваат дека загадувањето е екстремно високо на повеќе места, но и во повеќе градови во земјава.
А дека индексот на загадување е висок може да се увиди и на светски мерни станици. Скопје утринава има индекс на загаденост од 174.







