Независниот пратеник Скендер Реџепи, кој лани се одметна од Алтернатива, ќе гласа само за разрешување на министерот за здравство Беким Сали, но не и за другите министри и заменици министри.
„Јас ќе гласам за разрешувањето на министерот за здравство. Без сомнение бидејќи најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја. За другите министри никогаш нема да гласам да се разрешат“, рече Реџепи во гостување на ТВ21.
Реџепи вели дека не може само за Министерството за здравство да „изгори“ цела Алтернатива.
„Сега сите министри и директори треба да бидат политички егзекутирани затоа што роднина на вашиот клан не успеа да опстане на политичката сцена“,им порача тој на Африм Гаши и министерот за здравство, Беким Сали.







