Дејан Саздов, портпарол на Независниот синдикат на полицијата, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите на синдикатот и брз припадници на полицијата.
„Како синдикат сметавме дека власта лекциите за примерно и законито однесување ги научи и навистина ќе се почуствуваат позитивните промени, но од тоа ништо не се случи.
Наместо промени, кон синдикатот продолжија притисоците и заканите за преместувања кои голем дел од нашите претставници ги осетија на својот грб, како и притисоци врз највисоките структури на НСП и срамна дискредитација на истите.
Нашите претставници се соочуваат со невиден мобинг, почнувајќи од незаконски распределувања за внесување страв до безмилосен напад на професионалниот интегритет. Се демонстрираше моќ и способност за конструкции и фингирање на лоши слики ставајќи им етикети на професионалците кои ќе се спротистават на незаконското работење“, вели Саздов.
Од синдикатот бараат премиерот, Зоран Заев, „метлата за заигра“ и во МВР со цел правдата да биде задоволена, а зборот оддржан, пренесува „Макфакс“
Тие исто така се надеваат дека трудовиот инспекторат и Јавното обвинителство ќе се позанимава со овие прераспределување во полицијата.





