Партијата на Панос Каменос, која е коалиционен партнер на владејачката СИРИЗА на премиерот Алексис Ципрас, останува на цврстиот став дека „Независни Грци“ нема да пртифатат решение за името што ќе содржи Македонија.
„Не можеме да прифатиме име што ќе го вклучува терминот Македонија или изведени зборови. Државата на Скопје ќе треба да прифати еден комплетен договор, односно промена на Уставот, промена на личните карти, едно име за сите“ изјави портпаролката на „Независни Грци“ Мадалена Пападопулу, како што пренесува МИА од Атина.
„Во секој случај ние, Независните Грци не можеме да отстапиме од основните прашаеа и нашите цврсти позиции. За жал, јадрото на иредентизмот на соседната држава се наоѓа во името“ изјави Пападопулу.
Евентуален договор за прашањето за името треба да биде усвоен во парламентот со зголемено мнозинство, но Независни Грци ќеречат „не“ на име со зборот Македонија.





