„Независни Грци“ не сакаат да слушнат за „Македонија“ во името

„Никаква употреба на името на Македонија во името на соседната земја“, изјави воденеска Теодорос Тосунидис, портпаролот на Независни Грци во писмената реакција на интервјуто на Никос Коѕијас за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.



Шефот на грчката дипломатија Коѕијас е убеден дека Договорот ќе помине ипокрај ставот на „Независни Грци’ кои се противат на зборот „Македонија“ во името на северниот сосед.

Во реакцијана на Независни Грци“ меѓу другото се вели:

„Во прашањето за нацрт договорот од Преспа и за процесот на гласање, кога ќе дојде и ако дојде во грчкиот парламент, постоеше јасен став на владиниот портпарол. Бил кој друг пристап изразува лични процени и во секој случај, секој треба да се ограничи на личните ставови. За позицијата на Независни Грци и на пратеничката група и понатаму не се преговара“, ја пренесува МИА реакцијата на помалит коалиционен партнер во владата на Алексис Ципрас,

Коѕијас во интервјуто  рече дека ќе има мнозинство гласови и дека е „точно дека Независни Грци нема да гласаат како партија, но постојат пратеници од оваа партија кои што сметаат дека е добар договорот“.