Панос Каменос и Независни Грци ги повикуваат сите политички сили да застанат зад желбата на огромното мнозинство на грчкиот народ и зад единствената национална линија кој не дозволува користење на името на Македонија од северниот сосед.



Таквата одлука  беше донесена во 1992 година од Советот на политичките лидери под претседателство на (тогашниот претседател) Константинос Караманлис, изјави Теодорос Тосунидис порпарол на  партијата.

„Независни Грци остануваат стабилни на своите позиции, верувајќи дека ниту една средна опција која го вклучува името на Македонија не може да обезбеди остварливо решение, да го одврати иредентистичкиот став на сметка на нашата земја, а истовремено да гарантира мирен соживот на луѓето“ вели портпаролот.