„Независен“: Вархеји не ја спомна Албанија на средбата со Заев

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Оливер Вархеи по која еврокомесарот за проширување порача дека разговорите биле добри и дека останува преговарачката рамка да биде одобрена од земјите членки.



Тој на средбата не спомнал никакво раздвојување со Албанија, дознава „Независен“.

Вархеи порача дека разговорите биле добри и дека останува преговарачката рамка да биде одобрена од земјите членки, не споменувајќи никакво раздвојување со Албанија:

„Добри разговори со премиерот Зоран Заев денес за  потребата од официјално започнување на пристапните преговори со  Северна Македонија: Важно е Европскиот совет да постигне договор за преговарачката рамка што побргу“.