Независен: Ванхојте против една изборна единица и помал број пратеници

Со една единствена изборна единица ќе завршите така што мнозинството од граѓаните повеќе нема да бидат претставени во парламентот, порачува белгискиот експерт, кој не е импресиониран и од барањата за намалување на бројот на пратениците и за укинување на апанажата, вели белгискиот експерт Питер Ванхојте за Независен мк.



„Иницијативата за една изборна единица не е добра, бидејќи ќе завршите со мнозинство пратеници од Скопје. Важно е исто така пратениците да ја претставуваат изборната единица и областа каде што се избрани. Со една единствена изборна единица ќе завршите така што мнозинството од граѓаните повеќе нема да бидат претставени во парламентот“, оценува Ванхојте, кој беше ангажиран во процесот на преговори за Договорот од Пржино

За идејата на ВМРО-ДПМНЕ да се намали бројот на пратениците во Собранието тој вели:

„Не, не намалувајте го бројот на пратеници. Според моето искуство бројката од 120 пратеници е апсолутен минимум за да се справат со целата работа со која треба да се занимаваат пратениците. Вистинската дискусија треба да биде за квалитетот на пратениците, а не за бројките“, порача Ванхојте.