На мапата на „Гугл“ постои улица со името „Бранко Црвенковски“ која се наоѓавВо центарот на Скопје веднаш до Железничката станица.
Оваа улица од булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ ги сече „Бојмија“ и „23 Октомври“ и води директно до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Секому тоа му асоцира дека се работи за поранешниот претседател, премиер и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, објави лани „Незасвисен“.
Од Град Скопје не знаеја дека на мапата на „Гугл“ постои улица во вакво име и за „Независен“ изјавија:
„Улица со ова име во Скопје нема. ‘Гугл мапс’‚ е приватна апликација каде самите корисници можат да внесуват локации и имиња и таа не е официјален приказ за имињата на сообраќајниците и објектите во Скопје“, изјавиле за „Независен“ лани во јули.
На „Гугл мапс“ се’ уште стои името на улицата..







