Во тајните подготовки на деталите содржани во таканаречениот ,,Предлог на Макрон” учествувале претставници на македонската и бугарската влада навестува порталот Независен кој важи за близок медиум на владеачката партија СДСМ.
“Изгледа дека на овие детали работеле подолго време дипломатските екипи на премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков, иако во меѓувреме изгледаше дека комуникацијата меѓу двете влади е замрзната.”
Ова во анализата за последните информации од францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија го пишува авторот Љупчо Поповски кој вели дека Париз ,,калибрирал” предлог кој ,,не можат да го остават ниту Скопје ниту Софија”.
Долгогодишниот новинар важи за добро информиран за односите меѓу Македонија и Бугарија и македонските евроатлански интеграции генерално.
Предходно и премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски изјавија дека не биле информирани за францускиот предлог во кој се содржани сите бугарски барања кон Македонија.
Владата досега не ја демантираше веста на порталот дека екипи на Ковачевски работеле на предлогот.
Целата анализа на Независен на овој линк
https://nezavisen.mk/pariz-kalibrirashe-dokument-koj-ne-mozhe-da-go-ostavat-ni-sofija-ni-skopje/






