News33: Обвинение за Али Ахмети од Специјалниот суд во Хаг

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, добил обвинение од Специјалниот суд во Хаг, но официјалните информации сè уште не се објавени, јавува порталот на албански јазик News33.



Според порталот Ахмети не е единствениот лидер чие обвинение е потврдено денес.

Хашкиот суд постапил на ист начин со Кадри Весели и Хашим Тачи кој денеска си даде оставка на позицијата претседател на Косово.

Во врска со случајот синоќа имало рација во куќата на поранешниот претседател на Собранието, Јакуп Красниќи и други екс команданти на УЧК кои предходно беа поканети во Хаг.

Линк