Невропсихијатар позирал со оружје па фотките ги споделил на Фејсбук

Шефот на лесковачката психијатрија Горан Тојага на социјалните мрежи утрово објави фотографии на кој позира со оружје.



Објавата на Твитер вознемири многумина само неколку дена по двата масакри во Србија во кои беа убиени 17 лица а над дваесетина повредени.

Како што пишува Нова.рс. министерката за здравство Даница Грујичиќ му наредила на директорот на лесковачката општа болница да преземе итни мерки поради фотографиите што ги објави невропсихијатарот.

„Во понеделник ќе имам разговор со докторот. Точно е дека ми се јави министерката Грујичиќ пред неколку часа.

Во понеделник ќе одлучиме што ќе правиме и како ќе постапиме“, изјави директорот на лесковачката општа болница Небојша Димитријевиќ на Белградските медиуми.

Димитријевиќ наведува дека Тојага е еден од најдобрите специјалисти во Лесковац и многу посветен лекар.

Тоа предизвика лавини реакции на социјалните мрежи: