Невреме направи хаос во Загреб

Паднати дрва, расфрлани канти за отпад, срушени семафори…Цела ноќ во хрватската метропола дуваше силен ветар со јачина од 70 километри на час, поради што службите за интервенција имаа полни раце работа.



Надлежните издадоа предупредување граѓаните да избегнуваат престој на отворено поради невремето кое се очекува и во текот на денот.

Во текот на ноќта евидентирани се 240 интервенции, а две особи се повредени.