Приватните матичните лекари се жалат дека термините за вакцина за сезонски грип се потрошиле вчера буквално за две минути, но и дека некои воопшто не добиле термини за вакцинирање.



„Почитувани пациенти, матичните доктори во цела Македонија и покрај акцијата брзи прсти, не се во можност да фатат термини за своите пациенти. За две минути ги снемува термините за вакцинација против сезонски грип. Замолуваме или да се пуштат доволен број на вакцини и термини или во спротивно ова е невозможна мисија да се вакцинира цела зима“, реагираше вчера преку својот профил на Фејсбук д-р Лилија Чолакова Дервишива, претседателка на Здружението на приватни матични лекари.

Реагираа и лекарите од Куманово, кои добиле само 50 термини за вакцинирање од грип за цела недела.

Лекари од Кавадарци, пак, тврдат дека за овој град воопшто не добиле термини за вакцинирање иако чекале, како што велат, од 16 до 22.30 часот, јавува Плусинфо.