“Невладиниот” што СДСМ му ја вработи сопругата пријавен во МВР за ширење омраза

Во одделот за компјутерски криминал при МВР пријавено е лицето Ненад Јовановиќ кој според пријавителите ширел омраза и страв меѓу населението преку социјалните мрежи.



Пријавителот е од Куманово а пријавениот Ненад Јовановиќ од Кавадарци каде според неговото сопствено раскажување тој барал помош од локалната организација на СДСМ за вработување на сопругата по што таа била вработена во државна фирма.

Јовановиќ преку социјалните мрежи ги нападна ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Левица и Алтернатива дека се можни потпалувачи на пожарите што горат низ државата.

“Го пријавив во МВР (делот за сајбер криминал) лицето Ненад Јовановиќ за ширење омраза и страв без докази. Ќе видиме дали ќе има реакција. На твитот (пред да го пријавам и него) видов дека и други ќе поднесат тужби. Мора од некаде да се почне…”, пишува Дарко Давитковски кој реагира на статусот на Јовановиќ.

Предходно МВР уапси албански државјанин за потпалување оган во гостиварско.