Невладината организација Oxfam и граѓанското движење WeMove Europe најавија тужба до Европската комисија со барање да се поведе постапка против Грција за кршење на правата на барателите на азил.
Двете организации во соопштението велат дека „грчката влада не одговорила на основаните тврдења за кршење на правата, особено на континуираното грубо враќање на барателите на азил во Турција и очигледното кршење на правата на (азил)“.
„Ако ЕК сака да покаже дека целта на новиот договор за азил и миграција е да се подобри системот на азил во Европа, тој исто така мора да осигури дека сите земји-членки ги почитуваат човековите права и човечкото достоинство“, рече Мариса Рајан, директор на европската канцеларија на Оxfam.
Организациите во тужбата оценуваат дека новиот грчки закон за азил и начинот на кој грчките власти се однесуваат кон барателите на азил „не го почитуваат европскиот закон“.






