Системски пропусти, можности за корупција. Владиниот проект за изградба на коридорите 8 и 10 д е спорен и полн со пропшусти, алармира невладинито сектор. Анализата на Институтот за демократија „Социетас Цивилис” открива бројни недоследности. Оттаму предупредуваат дека е спорна постапката за избор на компанија за надзор врз изградбата на автопатиштата, а укажуваат и на низа пропусти при склучување на договорот помеѓу Владата и конзорциумот „Бехтел Енка“.

Според невладината организација прекршени се деловниците и во Владата и во Собранието. Заштитниот механизам за контрола при носењето на вакви одлуки велат едноставно никој не го покрена. Злоупотребено е европското знаменце при носењето на овој закон, а бо целата постапка се вклучил и претседателот Пендаровски кој го парафиракл договорот кој е енигма за јавноста
- – „Во целата оваа постапка оневозможен е системот на контрола на интегритетот на носењето одлуки. Овој систем е дефиниран за да ги анулира приватните интереси кои би имале влијание во носењето на вакви одлуки. Не е извршена и проценка на влијание на регулативата што треба да важи за секој закон. За законот што се однесува на изградбата на коридорите од Бехтел и Енка таква проценка не е направена, а е законски задолжителна. Ова подразбираше изработка на бројни анализи за влијанието на овој закон на други законски измени. Прекршени се деловниците и во Владата и во Собранието. Заштитниот механизам за контрола при носењето на вакви одлуки едноставно никој не го покрена. Злоупотребено е европското знаменце при носењето на овој закон. Во тоа се вклучи и претседателот на државата кој без никаква резерва го потпиша законот, а можеше врз основа на сите овие претходни прекршоци да не го потпише указот“, рече Поповиќ.
И додека за изградбата на коридорите 8 и 10д ќе бидат потребни околу 2.000 работници од различни профили, само една ископана дупка остананува нем сведок на помпезните најави за старт на изградбата.





