(Не)владеење на правото: Нов инцидент со функционер на ДУИ

Нов инцидент кој го покажува нивото на владеење на право во Македонија откако МВР брифира за функционер на ДУИ кој го возел своето возило со месеци без да го регистрира.



Секретарот на општина Дебар кој е член на највисоките тела на ДУИ најмалку 4 месеци не го регистрирал своето возило со кое управувал надвор од законот.

Секретарот на општина Дебар Или Мирзо според информации од МВР не бил фатен од дебарската полиција која имала информации за возилото но сепак го толерирала со месеци.

Мирзо бил фатен во контрола на републичката сообраќајна полиција односно од контрола на полицајци од Охрид кои го запреле функционерот на ДУИ.

По увидот од страна на полицијата било утврдено дека Мирзо најмалку од јуни го немал регистрирано своето возило.

Извори го МВР кои велат дека случајот со функционерот на ДУИ е доказ за неселективност во постапувањето навестуваат дека со оглед на тоа што Мирзо не го минал технички преглед кој се врши при регистрација тој освен со казна согласно законот за сообраќај се соочува и со кривична пријава според кривичниот законик за загрозување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

За ова кривично дело кое Мирзо го сторил со непостапување доколку на пример се покаже дека возел со неисправни сопирачки би можел да оди со години во затвор.

Предходно син на друг висок функционер на ДУИ натепа функционер на СДСМ.

Го удирал по глава и тело: Марко Бислимовски физички нападнат од синот на Муса Џафери (ВИДЕО)

ЕУ или балкански принципи

По падот на романската влада за Ковид19 пожар, превирања во македонскиот парламент