Невини луѓе лежеле во затворите смета новиот министер за правда

Новиот министер за правда Кренар Лога, зборувајќи за случаите каков што е „Алфа“, како гостин во емисијата „Клик Плус“ рече дека е убеден дека во затворите лежат невини лица.



„Јас сум убеден дек во затворите има невини луѓе, но ова ќе мора да се потврди со посебна постапка“, рече Лога и додаде дека веќе има официјални разговори со меѓународни комисии.

Запрашан за каква постапка станува збор, тој рече дека станува збор за повеќе од два случаи.

„Ние ќе бараме проценка на Комисијата на ЕУ за да го докажеме ова. Тоа се повеќе од два случаи и веќе има службени разговори“, наведе Лога.и додаде дека не треба да се повтори случајот „Сопот“ во кој, според него, невини луѓе лежеа во затвор. 

Најави дека за тоа ќе се разговара на средбите со претседателите на Судовите и на Судскиот совет и ќе бара од нив за постапката за проценка на случајот „Алфа“ да се земе и во предвид експертизата направена во Србија.