На дневен рад на собраниската седница е новиот Предлог-закон  за  неевидентирани лица поднесен од Владата и со европско знаме.



Со овој закон се овоможува лицата-фантоми кои досега никаде не биле регистрирани, да бидат евидентирани во Посебен регистар и да ги уживаат сите права како граѓани на земјата.

Ова ќе биде овозможено преку Предлог законот за неидентификувани лица во матичната книга, кој доби зелено светло од собраниската Комисија за европски прашања.

Се работи за 700 лица, но невладините организации  оценуваат дека бројот на „невидливи“ лица е многу поголем, достигнувајќи до 1.500.

Со овој закон им даваат четири права:: право на образование, на вработување, право на социјална заштита и здравствена заштита.