Во деновите додека светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ во Австралија водеше битка со тамошната бирократија за да остане во земјата и да настапува на првиот Грен слем турнир годинава, на Балканот го опеваа во песни. И тоа не само во Србија туку и во Бугарија, каде очигледно големиот спортски ас е исто така многу популарен.
Групата со име „Куку бенд“ на една приватна телевизија ја изведе песната „Форхенд, бекхенд“ која всушност е преработка на хитот на Лепа Брена „Луда за тобом“, а во овој „препев“ се зборува токму за Ноле и за неговата битка со австралиските власти, надополнето со добро познатиот бугарски хумор.
Видеото со изведбата на песната за Ноле можете да го видите на овој линк:
https://www.telegraf.rs/sport/showtime/3443555-kakav-mega-hit-bugari-snimili-pesmu-o-borbi-novaka-djokovica-sa-australijancima






