Во интервју за МИА премиерот Ковачевски излегува со неверојатно тврдење дека власта за 30 % ја зголемила куповната моќ на граѓаните.
Иако граѓаните и експертите потврдуваат дека поради растот на цените и инфлацијата сега за истите пари можат да се купат помалку производи и услуги Ковачевски тврди дека народот сега може да купи за речиси една третина повеќе од предходно.
Ковачевски зборува за сите граѓани иако зголемување на платите од 78 проценти добија само државните функционери.
,,Говориме за општиот колективен договор со што обезбедивме системско решение за континуираниот раст на платите. Реалната куповна моќ ја зголемивме над 30%. Разговараме за капиталните инвестиции, растот на платите и пензиите, инвестиции од над една милијарда евра во инфраструктура.
Во интервју за МИА говорам кој треба да биде нашиот фокус како држава за остварување на нашата втора стратешка цел членство во ЕУ и економски развој на државата. Владата, опозицијата, пратениците, сите општествени чинители во државата, на граѓаните им должиме европска иднина”, пишува Ковачевски во најавата на интервјуто на МИА.





