Неверојатно: СДСМ сама спореди своја политика со мит што не постои

Во обид да се пофали со успеси на својата партија Дарио Николовски, член на Централниот Одбор на СДСМ на прес конференција зборуваше за Ел Дорадо, митска локација за која науката докажала дека не постои.



,,Енергетската транзиција е реалност, владините политики креирани и предводени од СДСМ, даваат резултати.

Ел дорадото на инвестиции во енергетските проекти од обновливи извори нотираа нова инвестиција од 55 мегавати фотоволтаична централа, близу Новаци. Ова не е најава, овој проект е реалност и е реализиран.

Ова е клучната разлика што Сдсм во пракса знае и ги спорведува енергетските политики за пониски сметки на граѓаните, додека ДПМНЕ само теоретизира”, порача Николовски кој или не знае дека Ел Дорадо не постои во реалноста или сака да ни каже дека успесите на СДСМ во енергетиката се мит што не постои во реалноста.

Митот за Ел Дорадо го уништил германскиот научник Хумболд кој докажал дека нема таква локација.

На шпански, зборот „Ел Дорадо“ значи „златниот“ и оригинално потекнува од изразот El Hombre Dorado („Златниот човек“) или од El Rey Dorado („Златниот крал“), а го означувал Зипа, митолошкиот поглавар на народот Муиска во Колумбија. Зипа бил познат по тоа што се попрскал со златна прашина и потоа потонал во езерото Гватавита. Со текот на времето, легендата за Ел Дорадо постепено се менувала и попримила други значења, од златен град до златно царство. Исто така, постепено се појавиле гласини за друга локација на Ел Дорадо, што поттикнало неколку неуспешни експедиции во доцниот 16 век во потрага по градот наречен Маноа (Manõa) на брегот на езерото Париме. Двете најуспешни експедиции до Ел Дорадо биле предводени од сер Волтер Ралеј (Sir Walter Raleigh). Инспирирани од легендата, шпанските конквистадори повеќепати ги пребарувале Колумбија, Венецуела и делови од Гвајана и Бразил во потрага по градот и славниот крал. Во текот на овие експедиции, биле направени карти на северниот дел од Јужна Америка, вклучувајќи го и басенот на реката Амазон.

На почетокот од 19 век, идејата за постоењето на Ел Дорадо била целосно отфрлена.

Видео од прес конференцијата на СДСМ