Неверојатно: Сами крпеле дупки на пат, градоначалник од СДСМ ги гони кривично (ВИДЕО)

Во селото Мождивњак, Кривопаланечко, селаните со месеци чекале градоначалникот на Крива Паланка инаку нивни соселанец да го санира патот преполн со дупки.



Кога виделе дека нема таков проект на виделина собрале пари, купиле бетон и сами ги закрпиле дупките.

Градоначалникот и соселанец им испратил инспекција и им поднесува пријави со цел да ги казни затоа што сакале да запрат да си ги кршат возилата и да ја завршат неговата работа.