Нема ден, а да не пукне нова афера поврзана со работењето на Град Скопје и Градоначалникот Петре Шилегов.
Бирото за јавни набавки објавен е тендер за набавка на 45 жардињери, за кои Град Скопје и Градоначалникот Шилегов планираат да платат, верувале или не, 3 милиони денари, пренесуваат повеќе медиуми.
Согласно објавената проектна документација на тендерот, Град Скопје планира да набави 3 типа на жардињери, а од секој тип би биле набавени вкупно по 15 жардињери.
За нив Шилегов и град Скопје планираат да потрошат фантастични 50 илјади евра.
Граѓаните на шефа велат дека ако не се направени од Илон Маск или ако не се златни се работи на чист грабеж на парите на граѓаните.






