Невакцинирани, децата во Италија не смеат во школо

На децата во Италија им било кажано да не се враќаат на училиште, освен ако не можат да докажат дека се правилно вакцинирани.



Крајниот рок истече вчера и доаѓа по неколку месечна национална дебата за задолжителна вакцинација, јави Би-Би-Си.

Родителите на невакцинираните деца на возраст меѓу шест и 16 години, доколку сепак ги испратат децата во училиште, ќе треба да платат казна до 500 евра, бидејќи ним не може да им се забрани да одат на настава.  Децата под шест години ќе бидат вратени назад, односно нема да бидат примени во јасли или градинка.