Неутралец до СДСМ: Ќе го вратите Грујо на рамења

До СДСМ (не до ДУИ- тие се неутрални и се страни)



Ќе ви се врати Грујо! Мајке ми ќе се врати и вие ќе го донесете назад на рамења.

Дојдовте на власт под манифестот деке ќе бидете различни а до сега скоро ништо различно не видовме. Барем ВМРО во првите две години покажа различност од претходните влади. А вие? По што сте различни до сега?

По оштрата обвинителка во случајот на Заев?
По Љубе за странски инвестиции? Како божем во Хаг да бил испратен како надворешен консултант во кралскиот економски совет и клубот на инвеститори

По Хоџа – тој барем по стручна спрема е поставен

По лукративното и опортунистичко темпирање на судските предмети?

По правење сензации по медиумите ?

По вработувањата не партиски кадри и не роднини?

По што?

Не ви оди нешто од рака. А толку многу очекуваа од вас. Само ако се врати Грујо замолете го Амди и Стефче да не ги враќа.

Фејсбук статус на Блаже Којчевски