Нетпрес: Таткото на министерот за правда како обвинител барал и добил тепих од адвокати

Момир Маричиќ, татко на министерот за правда Бојан Маричиќ, барал и добил тепих од двајца млади адвокати додека бил јавен обвинител објави НетПрес.



Според порталот двајцата тогашни млади адвокати, од кои едниот е сега познат во јавноста и има своја канцеларија, му купиле тепих кој чинел околу 200 евра во продавница во скопскиот трговски центар „Буњаковец“, на која ги упатил токму Маричиќ.

Таткото на актуелниот министер за правда им рекол дека ако сакаат помош и соработка во однос на предметите на скопското Основно јавно обвинителство, каде тој работел, требало да му купат конкретен тепих чиј дезен им го посочил по што тие го набавиле.

Тогаш младите адвокати работеле во познатата адвокатската канцеларија „Апостолски“ од каде за Нетпрес ја потврдиле случката која ја потврдил и сопственикот на канцеларијата познатиот адвокатот Антонио Апостолски.

Линк до целата информација ОВДЕ