Кандидатот на СДСМ за градоначалничката функција на Скопје, Петре Шилегов, размислувал да се повлече од изборната трка, велат за агенцијата НетПрес извори од владејачката партија.
Тие брифираат дека Шилегов наводно бил многу разочаран од големиот број на изгубени гласови, во однос на претходните локални избори, па затоа бил на мисла да се повлече. Ваквите информации, изворите од СДСМ, ги поткрепуваат и со тоа дека од неделата до сега, Шилегов премногу пасивно се однесувал во изборната кампањата.
Од друга страна, пак, партиски извори од ВМРО ДПМНЕ, брифираат дека партијата е многу блиску до формирање мнозинство во Советот на град Скопје. ВМРО ДПМНЕ освои 18 советнички места, а за мнозинство им недостасуваат уште 5. Засега од партијата не откриваат со кои 5 советници на чекор до договор за формирање мнозинство скопскиот Совет.
Дури и да се случи да победи Шилегов ќе има огромни проблеми со совет под контрола на опозицијата.
Тој денеска промовираше скопска улица
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=550017206031700&id=359477174168894






