Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани,  Ѓорѓи Влајнкиноски утрово преку телефон добил закани по живот, од Жарко Лешоски, член на Централниот одбор на СДСМ и директор на ООУ “Страшо Пинџур” Вевчани.



Како што пренесува „Нетпрес“, Влајнкиноски за заканата објави и на Фејсбук.

„Добив сериозни закани по животов мој, по животите на членовите на моето семејство и по животите на членовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани. Ми рече дека ќе ме убиел, ќе ми ја запалел куќата, и ќе ја запалел зградата на комитетот со сѐ сите ВМРО-вци.

Јас оваа закана ја пријавив во полиција. Утре ќе ги известам и просветниот инспекторат и Министерството за образование“, напиша на својот Фејсбук профил, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Влајнкиноски.