Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по повод 100 дена војна во Газа изјави дека „никој нема да ги спречи Израелците да го уништат Хамас“.
Нетанјаху посочи дека Израел нема да постапи во склад со Меѓународниот суд на правдата (IJC), каде што е обвинет за геноцид, и ако му нареди да ја прекине офанзивата.
„Никој нема да не спречи – ниту Хаг, ниту Оската на злото, ниту некој друг“, истакна тој на брифингот со новинарите денеска, мислејќи на Иран и неговите филијали низ Блискиот Исток.
Нетанјаху рече дека обвинувањата за геноцид, изнесени од Јужна Африка во четвртокот, се „лицемерен напад“, додавајќи дека тоа е „по волја на оние кои дојдоа да извршат уште еден холокауст врз Евреите“.
Тој информираше дека во тунелите на Хамас во Газа биле пронајдени неколку антисемитски предмети, вклучително и копии од „Мајне кампф“ на Адолф Хитлер.
Освен тоа, рече Нетанјаху, „во една куќа во Газа пронашле детски таблет со слика на Хитлер како скринсејвер“.
Нетанјаху изјави дека иако антисемитизмот е ист, но еврејскиот народ е различен и ќе се бори „до крај“.





