Премиерот Бенјамин Нетанјаху ја отфрли идејата за ж палестинска државност по војната меѓу Израел и Хамас во Газа и вети дека ќе им се спротивстави на Соединетите држави по ова прашање, јавува Times of Israel.
Нетанјаху реагираше само неколку часови откако американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека Израел не може да постигне „вистинска безбедност“ без пат до палестинска држава, односно дека администрацијата на Бајден гледа да го унапреди решението за две држави.
„Кој и да зборува за „денот по Нетанјаху“, рече тој, „во суштина зборува за формирање на палестинска држава со палестинската самоуправа“.
Повеќето израелски граѓани се против формирањето на палестинска држава, рече тој, и тој секогаш ќе се спротивстави на тоа.






