Хамас мора да биде уништен, Газа мора да се демилитаризира, а палестинското општество мора да се дерадикализира.



Ова се три предуслови за мир меѓу Израел и неговите палестински соседи во Појасот Газа“, напиша израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во авторски текст за The Wall Street Journal (WSJ) објавен во понеделникот.

Според него, САД, Велика Британија, Франција, Германија и многу други земји ја поддржуваат намерата на Израел да го уништи радикалното палестинско движење.

„За да се постигне оваа цел, неопходно е да се елиминира неговиот воен потенцијал и да се стави крај на неговата политичка доминација над Појасот Газа“, рече премиерот.

Демилитаризацијата на енклавата бара формирање привремена безбедносна зона долж периметарот на Појасот Газа и инспекциски механизам на границата со Египет за да се спречи шверцот на оружје во Газа.

Палестинското граѓанско општество мора да се трансформира така што неговиот народ ја поддржува борбата против тероризмот наместо да го финансира, напиша и Нетанјаху.

Премиерот на 24 декември објави дека Израел ја проширува својата воена операција и дека ќе ја продолжи војната до победата над радикалното движење Хамас што владее со енклавата.