Израелскиот парламент, Кнесет, го овласти премиерот Бенјамин Нетанјаху да објави војна само со одобрување на министерот за одбрана, Авигор Либерман.
Гласањето во Кнесетот и усвојувањето на новиот закон дојде по театралната презентација на премиерот во која тој тврдеше дека има доказ дека Иран тајно развива нуклеарна програмапишуваа весникот „Хаареџ“.
Иако Нетанјаху сега треба да добие одобрение од Либерман да објави војна, не е невообичаено премиерот да ја преземе и функцијата министер за одбрана. Давид Бен-Гурион, Менахем Бегин, Јицак Рабин, Ехуд Барак и Шимон Перес ја извршуваа функцијата министер за одбрана, додека беа премиери.
Според Бенјамин Нетанјаху неговата влада открила „половина тон“ тајни ирански документи кои покажуваат дека Техеран има програма за нуклеарно оружје, и истакна дека тие документи покажуваат дека Иран лажел за неговите нуклеарни амбиции пред да биде потпишан нуклеарниот договор со светските сили во 2015 година, објави АП.
Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека презентираните документи и други неодамнешни настани покажуваат дека тој бил „100 отсто“ во право кога станува збор за Иран.
Трамп, до 12 мај, треба да одлучи дали ќе се повлече од меѓународниот договор со Иран, пишува АП.





