Илија Несторовски е јунакот на Удинезе на денешното гостување во Торино, каде што неговиот тим славеше со 3:2 во Серија А, а
македонскиот фудбалски репрезентативец го постигна победничкиот гол.
Несторовски го постави конечниот резултат во 69. минута, само две минути по брзопотезното израмнување со двата погодока на домаќинот во 66. и 67. минута.
За 30-годишниот напаѓач, кој му асистираше на Горан Пандев за голот против Грузија за историски пласман на Македонија на Европското првенство, ова е прв погодок во четвртиот првенствен настап сезонава.
Голот е по 2:50 минути од почетокот на видеото:






