Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски го постигна единствениот гол на натпреварот во Удине, во кој домаќинот Удинезе ја совлада Фиорентина во 24. коло од италијанската Серија А.
Несторовски погоди со глава во 86. минута за втор погодок во 15. првенствен настап сезонава, прв по гостувањето во Торино на 12 декември, кога исто така беше стрелец на победничкиот гол во триумфот од 3:2.
Удинезе со овие три бода се искачи на 12. место на табелата со 28 бода.
Голот на Несторовски е по 3:20 минути од почетокот на видеото:






