Планинар од Македонија го загуби животот на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија,јави дописничката на МИА од Атина.



Тој бил дел од група од околу девет лица од нашата земја, кои планинареле на Олимп.

Се претпоставува дека на планинарот му се слошило или добил срцев удар по што паднал во провалија, а обдукцијата дополнително ќе ги утврди точните причини за смртта.

За пренесувањето на телото од местото на несреќата до планинарскиот дом „Спилиос Агапитос”, што се наоѓа на надморска височина од 2.100 метри интервенирале 14 пожарникари припадници и на специјалната спасувачка единица и на противпожарната служба од Литохоро.