Македонија во кризата поради Ковид-19 досега брои 3905 жртви кои што можеа да бидат помали доколку навреме беа преземени мерки за справување со пандемијата, пред се во зголемување на здравствените капацитети и набавка на вакцините на почетокот на годината.
За жал Власта не успеа да најде вакцини по што имаме катастрофални бројки од дури 50 мртви на ден како вчера.
За споредба Германија со 82 милиони жители или 40 пати повеќе денеска регистрираше 120 жртви напроти нашите 45 загубени животи што е за нецели 3 пати повеќе.
Според бројките Македонија досега загубила еден град како Македонски Брод (3.740), а ако не запре драматичното ниво на смрт за десетина дена ќе дојдеме до бројка на починати на ниво на бројот на жители на Валандово (4.402).





