Километарска колона се создала попладнево на патот што води од планинскиот превој Стража кон Гостивар, јавуваат читатели на expres.mk.
Блокадата на патот е причинета од несовесни возачи на две возила со тетовски и гостиварски регистрации кои не ги почитувале знаците на патот.
Двете возила не го почитувале знакот црвено на семафорот пред мостот што се реновира и се упатиле кон колоната која што веќе тргнала од другиот правец на знак зелено.

Поради стеснетиот пат и неможност за разминување или возење во рикверц на делницата настанал прекин на собраќајот кој предизвикал нервоза а за малку ќе дошло и до тепачка меѓу тие што ја почитувале патната сигнализација и тие што возеле несовесно и минале на црвено.

Сообраќајот продолжил по половина час откако несовесните возачи се вратиле рикверц речиси еден километар.





