На 17 декември 2005 година Европскиот совет официјално ѝ додели на Македонија статус кандидат за членство во Европската унија, но и 15-годишнината од одлуката таа ја дочекува без почеток на преговори поради ветото од Бугарија.
Од тоа време, а од денешна перспектива, се издвојуваат ликовите на Владо Бучковски и на Радмила Шекеринска – тој тогаш премиер, а таа вицепремиерка за евроинтеграции. Петнаесет години подоцна Бучковски е специјален претставник на Владата за Бугарија, а Шекеринска министерка за одбрана.
Македонија е неприкосновен неславен рекордер по времетраењето на кандидатскиот статус без старт на преговори, во што ја „шие“ и закочената на европскиот пат Турција. Таа чекаше помалку од шест години – на 12 декември 1999 година беше прогласена за кандидатка за членство, а на 5 октомври 2005 година ги почна преговорите.





