Несими за ниското паѓање на ЕУ и НАТО за Реџепи: Некој јаде кеш ние не пасеме трева

„Аналитичарот Роберт Несими иронизираше преку објава на фејсбук околу последните настани во Парламентот во врска со пратеникот Кастриот Реџепи по неговата одлука да не учествува на парламентарната седница, со што придонесе Владата ‘Заев 2’ да го продолжи мандатот.“ – јави информативната агенција на албански јазик ИНА во својата вест со наслов „Несими му реагира на Кастриот Реџепи: Вие јадете кеш, но ние не пасеме трева.“



ИНА ја пренесе неговата објава на фејсбук:
“Ќе веруваме дека навистина Кастриот Реџепи е толку важен чинител, ако Европската Унија и Соединетите Американски Држави паднат толку ниско што ќе го имаат него како последна опција за спасување на Македонија.
Вие јадете кеш, но ние не пасеме трева.“